Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, добиени од годишните сметки на деловните
субјекти и други извори, бруто-домашниот производ во 2016 година изнесува 598 881 милиони денари и во
однос на 2015 година е номинално зголемен за 7.1%. Реалната стапка на раст на БДП во 2016, во однос на 2015
година, изнесува 2.9%.
Најголемо учество на додадената вредност во структурата на БДП во 2016 година имаат секторите: (Е, Ж и З)
Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање;
Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (18.7%).
Финалната потрошувачка во 2016 година, во однос на 2015 година, номинално расте за 2.6%, а во структурата
на БДП учествува со 82.1%.
Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2016 година изнесува 50.0%.
Номиналниот пораст на вредноста на инвестициите во основни средства во 2016, во однос на 2015 година,
изнесува 7.7%.
Во техничката структурата на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 62.7%,
машините и опремата со 30.1%, а останатите инвестиции со 7.2%.