Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Бруто-домашен производ


Бруто-домашен производ на Република Македонија во 2015 година
-претходни податоци-


петок, 30 септември 2016


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, добиени од годишните сметки на деловните
субјекти и други извори, бруто-домашниот производ во 2015 година изнесува 558 240 милиони денари и во
однос на 2014 година номинално е зголемен за 5.8%. Реалната стапка на раст на БДП во 2015, во однос на 2014
година, изнесува 3.8%.


Најголемо учество на додадената вредност во структурата на БДП во 2015 година имаат секторите: (Е, Ж и З)
Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање;
Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (18.7%).


Финалната потрошувачка во 2015 година, во однос на 2014 година, номинално расте за 3.6%, а во структурата
на БДП учествува со 85.1%.


Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2015 година изнесува 48.8%. Вредноста на
инвестициите во основни средства во 2015 година изнесува 129 095 милиони денари.


Номиналниот пораст на вредноста на инвестициите во основни средства во 2015, во однос на 2014 година,
изнесува 4.5%.
Во техничката структурата на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 63.4%,
машините и опремата со 30.1%, а останатите инвестиции со 6.5%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика