Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Бруто-домашен производ


Бруто-домашен производ на Република Македонија во 2009 година
-претходни податоци-


петок, 29 октомври 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, бруто-домашниот производ (БДП) во 2009 година изнесува 409 100 милиони денари и во однос на 2008 година бележи пад од 0.6%. Реалната стапка на раст на БДП во однос на 2008 година изнесува -0.9%.

Најголемо учество на додадената вредност во структурата на БДП во 2009 година имаат секторите: Г-Преработувачка индустрија (14.1%), Е-Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба (13.1%) и А-Земјоделство, лов и шумарство (9.7%).

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги и непрофитните институции што им служат на домаќинствата, во 2009 година во однос на 2008 година номинално опаѓа за 5.6%. Финалната јавна потрошувачка во истиот период номинално расте за 4.6%.

Во 2009 година бруто-инвестициите во структурата на БДП учествуваат со 26.2%.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 686

е-пошта:  violeta.cadikovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика