Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Бруто-домашен производ
Бруто-домашен производ на Република Македонија во 2013 година
-претходни податоци
вторник, 30 септември 2014
Податоците за бруто-домашниот производ (БДП) за 2012 и 2013 година се подготвени според методологијата на европскиот систем на сметки 2010 (ЕСС 2010)1) и се дел од подготвената ревизија за серија на годишни податоци поради методолошки подобрувања и имплементирање на принципите на оваа методологија. Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, добиени од годишните сметки на деловните субјекти и други извори, бруто-домашниот производ во 2013 година изнесува 499 559 милиони денари и во однос на 2012 година номинално е зголемен за 7.0%. Реалната стапка на раст на БДП во однос на 2012 година изнесува 2.7%. Најголемо учество на додадената вредност во структурата на БДП во 2013 година имаат секторите: (Е, Ж и З) Трговија на големо и трговија на мало; Поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (18.2%). Финалната потрошувачка во 2013 година, во однос на 2012 година, номинално расте за 3.7%, а во структурата на БДП учествува со 89.6%. Учеството на Извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2013 година изнесува 43.8%.
1) Регулатива на Европскиот Парламент и Советот донесена во 2013 година со која се воспоставува нов систем за составување на националните сметки - Европски Систем на Сметки 2010 (ЕСС 2010), кој стапува на сила во септември 2014 година и ќе биде замена за претходната, ЕСС 1995.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 686
е-пошта:
violeta.cadikovska@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика