Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Бруто-домашен производ


Бруто-домашен производ на Република Северна Македонија во 2020 година - претходни податоци

петок, 10 декември 2021


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, добиени од годишните сметки на деловните субјекти и други извори, бруто-домашниот производ во 2020 година изнесува 655 931 милион денари и во однос на 2019 година номинално е намален за 5.3 %. Реалната стапка на раст на БДП во 2020, во однос на 2019 година, изнесува -6.1 %.

Најголемо учество на додадената вредност во структурата на БДП во 2020 година имаат секторите: (Е, Ж и З) Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (19.2 %).

Финалната потрошувачка во 2020 година во структурата на БДП учествува со 83.9 %.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во 2020 година, номинално опаѓа за 2.7 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 67.3 %.

Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2020 година изнесува 58.9 %.

Вредноста на инвестициите во основни средства во 2020 година изнесува 144 779 милиони денари.

Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 58.5 %, машините и опремата со 31.4 %, а останатите инвестиции со 10.1 %. 






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика