Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Бруто-домашен производ
Бруто-домашен производ на Република Северна Македонија во 2019 година - претходни податоци -
понеделник, 05 октомври 2020
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, добиени од годишните сметки на деловните субјекти и други извори, бруто-домашниот производ во 2019 година изнесува 689 425 милиони денари и во однос на 2018 година номинално е зголемен за 4.3 %. Реалната стапка на раст на БДП во 2019, во однос на 2018 година, изнесува 3.2 %.
Најголемо учество на додадената вредност во структурата на БДП во 2019 година имаат секторите Е, Ж и З ‒ Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (20.3 %).
Финалната потрошувачка во 2019 година, во однос на 2018 година, номинално расте за 3.7 %, а во структурата на БДП учествува со 79.7 %.
Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2019 година изнесува 62.3 %.
Вредноста на инвестициите во основни средства во 2019 година изнесува 146 078 милиони денари. Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 57.5 %, машините и опремата со 32.8 %, а останатите инвестиции со 9.7 %.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+ 389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика