Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Бруто-домашен производ
Бруто-домашен производ на Република Македонија во 2012 година -претходни податоци-
понеделник, 30 септември 2013
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, добиени од годишните сметки на деловните субјекти и други извори, бруто-домашниот производ (БДП) во 2012 година изнесува 458621 милиони денари и во однос на 2011 година номинално е намален за 0.3%. Реалната стапка на раст на БДП во однос на 2011 година изнесува -0.4%.
Најголемо учество на додадената вредност во структурата на БДП во 2012 година имаат секторите: (Е, Ж и З) Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (18.6%).
Финалната потрошувачка во 2012 година, во однос на 2011 година, номинално опаѓа за 0.4%, а во структурата на БДП учествува со 93.2%.
Учеството на Извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2012 година изнесува 53.6%.
Податокот за импутираните станарини за 2012 година вклучува методолошки подобрувања. Соодветно, промената ќе биде имплементирана во сериите на податоци.
Сакаме да ве информираме дека во согласност со Програмата за статистички истражувања (2013-2017) предвидена е ревизија на серијата на податоци за БДП поради методолошки подобрувања и имплементирање на принципите на методологијата на Европскиот систем на сметки (ЕСС 2010).
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 686
е-пошта:
violeta.cadikovska@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика