Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ
(БДП) за четвртото тримесечје од 2022 година е 0.6 %.
Во четвртото тримесечје од 2022 година, најголем пораст е забележан во секторите Е, Ж и З - Трговија на големо
и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и
сервисни дејности со храна од 8.3 %; Њ, О и П - Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на
домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни
услуги за сопствени потреби од 1.5 %, како и Ј - Дејности во врска со недвижен имот од 1.3 %.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата,
во четвртото тримесечје од 2022 година, номинално расте за 17.0 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-
домашниот производ изнесува 67.1 %.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 25.4 %, а увозот на стоки и на услуги забележа
пораст во номинален износ од 17.5 %.