Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, март 2015

вторник, 28 април 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2015, продажните цени на производителите на
индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0.3% на месечно ниво, односно за 4.2% на годишно
ниво.
Во март 2015, во споредба со февруари 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи
на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 0.6% и Интермедијарни производи, освен енергија за
0.2%, додека во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка се останати на исто ниво.
Во март 2015, во споредба со март 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на
домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 10.4%, Интермедијарни производи, освен енергија за 1.3%
и Капитални производи за 0.5%, додека во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка се останати
на исто ниво.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 858

е-пошта:  lefterija.kalevska@stat.gov.mk  apostol.simovski@stat.gov.mk
  




© Државен завод за статистика

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.