Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2021 година, продажните цени на производителите
на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0.7 % на месечно и за 9.8 % на годишно ниво.
Во август 2021, во споредба со јули 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи
се повисоки во групите Енергија за 0.8 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 1.8 % и Нетрајни производи
за широка потрошувачка за 0.1 %.
Во август 2021, во споредба со август 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи
на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 19.4 %, Трајни производи за широка потрошувачка за
4.2 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 17.7 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.2 %
и Капитални производи за 0.9 %.