Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Образование и наука


Запишани студенти на високите стручни школи и факултетите во Република Северна Македонија во академската 2019/2020 година (прв циклус на студии)

понеделник, 06 јули 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, добиени врз основа на пристигнатите извештаи, во Република Северна Македонија, во академската 2019/2020 година се запишани вкупно 51 734 студенти, што претставува намалување за 3.6 % во однос на академската 2018/2019 година.

Бројот на запишани студентки изнесува 29 515 или 57.1 %.

Најголем број студенти (85.3 %) се запишани на државните високообразовни установи, додека 14.0 % се запишани на приватните високообразовни установи.

Прва година на студии, во академската 2019/2020 година, запишале 13 701 студент или 26.5 % (тука се опфатени и студентите што по втор, трет и повеќепати запишуваат прва година).






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика