Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Култура
Театри, филхармонија и професионални ансамбли за
народни игри и песни, 2009/2010
петок, 03 декември 2010
Според добиените податоци во Државниот завод за статистика, во периодот 2009/2010 година
спореден со периодот 2008/2009 година, во професионалните театри е намален вкупниот број на
прикажаните претстави за 5.3%, а бројот на посетителите за 6.1%.
Просечниот број на посетители на една претстава изнесува 241.
Во периодот 2009/2010 година во однос на периодот 2008/2009 година, во професионалните
театри за деца и млади е намален бројот на прикажаните претстави за 3.3% и на посетителите
за 4.3%.
Бројот на прикажаните претстави во аматерските театри е зголемен за 50.7%, а вкупниот број
на посетителите за 64.3%.
Бројот на концертите на филхармонијата, во периодот 2009/2010 година во споредба со периодот
од 2008/2009 година, е зголемен за 9.4%, а бројот на посетителите е намален за 13.8% .
Кај професионалниот ансамбл на народни игри и песни, во периодот 2009/2010 во споредба со
2008/2009, се забележува намалување и на бројот на претставите и на бројот на посетителите.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 713
е-пошта:
slavka.trpkova@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика