Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Култура


Театри, филхармонија и професионални ансамбли за народни игри и песни, 2010/2011 - Претходни податоци -

петок, 23 декември 2011


Според добиените податоци во Државниот завод за статистика, во периодот 2010/2011
година, во споредба со периодот 2009/2010 година, вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри е зголемен за 14.2%, а бројот на посетителите е зголемен за 52.8%.
Просечниот број на посетители на една претстава изнесува 322.
Во периодот 2010/2011 година, во однос на периодот 2009/2010 година, бројот на прикажаните претстави во професионалните театри за деца и млади е намален за 4.0%, а на посетителите е намален за 9.3%.
Бројот на прикажаните претстави во аматерските театри е зголемен за 25.7%, а вкупниот број на посетителите е зголемен за 73.8%.
Кај професионалниот ансамбл на народни игри и песни, во периодот 2010/2011,во споредба со 2009/2010, се забележува зголемување на бројот на самостојните приредби (концерти), а намалување на бројот на посетителите.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 812

е-пошта:  ljiljana.kukovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика