07.02.2020: Поради корекции во податоците Ве молиме при користењето, земете ја оваа верзија
Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот 2018/2019 година, вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри е намален за 5.9 %, исто така и бројот на посетителите е намален за 3.8 % во однос на периодот 2017/2018 година.
Просечниот број на посетителите на една претстава изнесува 214.
Во периодот 2018/2019 година, во однос на периодот 2017/2018 година, бројот на прикажаните претстави во професионалните театри за деца и млади е намален за 10.0 %, исто така и бројот на посетителите е намален за 17.6 %.
Бројот на прикажаните претстави во аматерските театри е зголемен за 74.1 %, исто така и вкупниот број на посетителите е зголемен за 92.7 %.
Во периодот 2018/2019 година, во однос на периодот 2017/2018 година, бројот на концертите е зголемен, исто така и бројот на посетителите на Филхармонијата е зголемен.
Кај професионалниот ансамбл на народни игри и песни, во периодот 2018/2019 година, во споредба со 2017/2018 година, е забележано намалување на бројот на самостојните приредби (концерти) и бројот на посетителите.