Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Култура


Театри, филхармонија и професионални ансамбли за народни игри и песни, 2016/2017

понеделник, 11 декември 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот 2016/2017 година, вкупниот број на
прикажани претстави во професионалните театри е зголемен за 10.3%, а бројот на посетителите е зголемен за
2.1% во однос на периодот 2015/2016 година.


Просечниот број на посетителите на една претстава изнесува 185.


Во периодот 2016/2017 година, во однос на периодот 2015/2016 година, бројот на прикажаните претстави во
професионалните театри за деца и млади е намален за 4.8%, а бројот на посетителите е намален за 7.1%.


Бројот на прикажаните претстави во аматерските театри е намален за 16.1%, а вкупниот број на посетителите
е намален за 23.2%.


Во периодот 2016/2017 година, во однос на периодот 2015/2016 година, бројот на концертите и бројот на
посетителите на Филхармонијата е намален.


Кај професионалниот ансамбл на народни игри и песни, во периодот 2016/2017, во споредба со 2015/2016,
е забележано намалување на бројот на самостојните приредби (концерти), а намален е и бројот на
посетителите.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика