Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Култура


Театри, филхармонија и професионални ансамбли за народни игри и песни, 2014/2015 Претходни податоци

четврток, 24 декември 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, во сезоната 2014/2015 година, вкупниот број на
прикажани претстави во професионалните театри е зголемен за 5.6%, а бројот на посетителите е зголемен за
14.3% во однос на сезоната 2013/2014 година.
Просечниот број на посетители на една претстава изнесува 222.
Во периодот 2014/2015 година, во однос на периодот 2013/2014 година, бројот на прикажаните претстави во
професионалните театри за деца и млади е намален за 4.2%, а бројот на посетителите е намален за 7.1%.
Бројот на прикажаните претстави во аматерските театри е намален за 20.4%, а вкупниот број на посетителите
е намален за 7.6%.
Во периодот 2014/2015 година, во однос на периодот 2013/2014 година, бројот на концертите на Филхармонијата
е намален, а бројот на посетителите е зголемен.
Кај професионалниот ансамбл на народни игри и песни, во периодот 2014/2015, во споредба со 2013/2014, е
забележано намалување на бројот на самостојните приредби (концерти), и бројот на посетителите е намален.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 812

е-пошта:  liridon.ameti@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика