Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот 2023/2024 година, вкупниот број на прикажаните
претстави во професионалните театри е зголемен за 11.5 %, исто така и бројот на посетителите е зголемен за 3.1.%
во однос на периодот 2022/2023 година.
Во периодот 2023/2024 година, бројот на прикажаните претстави во професионалните театри за деца и млади е
зголемен за 14.8 %, исто така е зголемен и бројот на посетителите за 0.6.% во однос на периодот 2022/2023 година.
Бројот на прикажаните претстави во аматерските театри е намален за 36.5 %, исто така е намален и вкупниот број на
посетителите за 46.7 % во однос на периодот 2022/2023 година.
Во периодот 2023/2024 година, бројот на посетителите на Филхармонијата е зголемен во однос на периодот
2022/2023 година.
Кај професионалниот ансамбл за народни игри и песни, во периодот 2023/2024 година, во споредба со 2022/2023
година, е забележано намалување на бројот на самостојните приредби (концерти) и на бројот на посетителите.