Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот 2019/2020 година, вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри е намален за 40.6 %, исто така и бројот на посетителите е намален за 39.4 % во однос на периодот 2018/2019 година.
Просечниот број на посетителите на една претстава изнесува 221.
Во периодот 2019/2020 година, во однос на периодот 2018/2019 година, бројот на прикажаните претстави во професионалните театри за деца и млади е намален за 40.3 %, исто така и бројот на посетителите е намален за 36.7 %. Бројот на прикажаните претстави во аматерските театри е намален за 85.1 %, исто така и вкупниот број на посетителите е намален за 86.5 %.
Во периодот 2019/2020 година, во однос на периодот 2018/2019 година, бројот на концертите е зголемен, додека бројот на посетителите на Филхармонијата е намален.
Кај професионалниот ансамбл на народни игри и песни, во периодот 2019/2020 година, во споредба со 2018/2019 година, е забележано намалување на бројот на самостојните приредби (концерти) и бројот на посетителите.