Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Култура


Театри, филхармонија и професионални ансамбли за народни игри и песни, 2012/2013 Претходни податоци

четврток, 05 декември 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, во сезоната 2012/2013 година, вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри е зголемен за 2,1%, а бројот на посетителите е намален за 10% во однос на сезоната 2011/2012 година.
Просечниот број на посетители на една претстава изнесува 215.
Во периодот 2012/2013 година, во однос на периодот 2011/2012 година, бројот на прикажаните претстави во професионалните театри за деца и млади е зголемен 13,5%, а бројот на посетителите е зголемен за 45,9%.
Бројот на прикажаните претстави во аматерските театри е намален за 3,4%, а вкупниот број на посетителите е зголемен за 14,3%.
Бројот на концертите и бројот на посетителите на филхармонијата, во периодот 2012/2013 година, во споредба со 2011/2012 година, е зголемен.
Кај професионалниот ансамбл на народни игри и песни, во периодот 2012/2013, во споредба со 2011/2012, е забележано намалување на бројот на самостојните приредби (концерти), а бројот на посетителите е зголемен.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 812

е-пошта:  liridon.ameti@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика