Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Социјална и здравствена заштита


Установи за згрижување и воспитание на деца - детски градинки/ центри за ран детски развој, 2015

вторник, 01 март 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година (состојба на 30 септември), вкупниот
број на деца во установите за згрижување и воспитание на деца - детски градинки/центри за ран детски развој,
изнесува 32660 што претставува зголемување за 8.5% во однос на 2014 година.
Со годишните извештаи во 2015 се опфатени 82 установи за згрижување и воспитание на деца, што е за 12.3%
повеќе во однос на 2014.
Овие установи обезбедуваат здравствена заштита, исхрана и дневен престој на децата во согласност со нивните
развојни потреби на возраст до 6 години, во повеќе групи (групи на деца во развоен период до 2 години,
групи на деца во развоен период од 2 години до поаѓање во училиште, комбинирани групи, групи за деца
со пречки во развојот, групи на деца - центар за ран детски развој во состав на детска градинка и групи за
вонинституционална форма на активност.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 812

е-пошта:  ljiljana.kukovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.