Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Образование и наука


Доктори на науки, 2011 година

понеделник, 12 март 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2011 година, звањето доктор на науки го стекнале 197 лица што претставува зголемување за 25.5% во споредба со 2010 година.


Најголем број од лицата докторирале во областа на општествените науки, 53.8%; на медицински науки 15.2%; потоа следуваат хуманистичките науки со 11.7%, а останатите лица докторирале во областа на природно - математичките, техничко - технолошките и биотехничките науки.


Учеството на жените кои одбраниле докторска дисертација во текот на 2011 година изнесува 104 кандидати што претставува 52.8% од вкупниот број лица кои докторирале во 2011 година.


Од вкупниот број докторирани лица, најголем процент, 48.7%, својата професија ја вршат во образовната дејност.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 713

е-пошта:  slavka.trpkova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика