+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Образование и наука


Доктори на науки, 2013 година

четврток, 20 март 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2013 година, звањето доктор на науки го стекнале 219 лица што претставува зголемување за 50% во споредба со 2012 година.
Најголем број од лицата докторирале во областа на општествените науки, 52.1%; потоа на техничко - технолошките науки, 14.2 %; следат медицинските науки со 11.9%, а останатите лица докторирале во областа на хуманистичките науки, природно - математичките и биотехничките науки.
Бројот на жените кои одбраниле докторска дисертација во текот на 2013 година изнесува 119 кандидати што претставува 54.3% од вкупниот број на лица кои докторирале во 2013 година.
Од вкупниот број докторирани лица, најголем процент, 55.7%, својата професија ја вршат во образовната дејност.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 713

е-пошта:  jasmina.markovska@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика