+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Образование и наука


Во 2009 година, 119 лица се стекнале со звањето доктор на науки

среда, 10 март 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2009 година, звањето доктор на науки го стекнале 119 лица што претставува зголемување за 36.8% во споредба со 2008 година.

Најголем број од лицата докторирале во областа на општествените науки - 30.3% и медицинските науки - 23.5%, потоа следуваат хуманистичките науки со 18.5%, а останатите лица докторирале во областа на природно - математичките, техничко - технолошките и биотехничките науки.

Учеството на женски лица кои одбраниле докторска дисертација во текот на 2009 година изнесува 64 кандидати што претставува 53.8% од вкупниот број на лица кои докторирале во 2009 година.

Од вкупниот број докторирани лица, 73.9% своето занимање го извршуваат во образовната дејност.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 713

е-пошта:  marina.mijovska @stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика