Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во
февруари 2013 година, во однос на февруари 2012 година, изнесува 101.1.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2013 година, во однос на
февруари 2012 година, бележи пораст од 8.5%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 0.4%,
а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1.7%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2013 година, во однос
на февруари 2012 година, бележи пораст кај Енергија за 7.6%, Tрајни производи за широка потрошувачка за
3.2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.3%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни
производи, освен енергија за 1.0% и Капитални производи за 6.1%.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - февруари 2013 година, во однос на
периодот јануари - февруари 2012 година, изнесува 100.4.