Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во декември 2011 година, во однос на декември 2010 година, изнесува 98.6.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2011 година, во однос на декември 2010 година, бележи опаѓање од 0.5%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1,5%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0.9%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2011 година, во однос на декември 2010 година, бележи опаѓање кај Енергија за 2.5 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.8 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 4.4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.2%, додека кај Капитални производи индексот е на исто ниво.
Индексот на бројот на работниците во периодот јануари- декември 2011 година, во однос на периодот јануари-декември 2010 година, изнесува 101.5.