Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во октомври 2011 година, во однос на истиот месец од претходната година, изнесува 101.3.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2011 година, во однос на октомври 2010 година, е зголемен за 3.6%, во Преработувачката индустрија е зголемен за 0.9% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е зголемен за 2.7%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во октомври 2011 година, во однос на октомври 2010 година, бележи пораст кај Енергија за 2.8%, Интермедијарни производи, освен енергија за 0.8%, Капитални производи за 2.0% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.4%.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - октомври 2011 година, во однос на периодот јануари - октомври 2010 година, изнесува 102.1.