Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во септември 2011 година, во однос на истиот месец од претходната година, изнесува 102.2.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2011 година, во однос на септември 2010 година, е зголемен за 2.0%, во Преработувачката индустрија е зголемен за 2.0% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизацијае зголемен за 4.9%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2011 година, во однос на септември 2010 година, бележи пораст кај Енергија за 4.0%, Интермедијарнипроизводи, освен енергија за 1.1%, кај Капитални производи за 2.9% и кај Нетрајни производиза широка потрошувачка за 2.6%.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - септември 2011 година, во однос на истиот период од 2010 година, изнесува 102.1.