Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во јули 2011 година, во однос на истиот месец од претходната година, изнесува 101.9.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2011 година, во однос на јули 2010 година, е зголемен за 3.1%, во Преработувачката индустрија е зголемен за 1.5% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е зголемен за 4.7%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2011 година, во однос на јули 2010 година, бележи пораст кај Енергија за 3.9%, Интермедијарни производи, освен енергија за 1.8%, кај Капитални производи за 1.4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.7%.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - јули 2011 година, во однос на периодот јануари - јули 2010 година, изнесува 102.1.