Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во февруари 2019 година, во однос на февруари 2018 година, изнесува 100.8.
Бројот на работниците во секторот Преработувачка индустрија во февруари 2019 година, во однос на февруари 2018 година, бележи пораст од 0.9 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0.1 %, а во секторот Рударство и вадење на камен oпaѓање од 0.1 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2019 година, во однос на февруари 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.7 % и Капитални производи за 15.7 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 0.6 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 2.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.3 %.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – февруари 2019 година , во однос на периодот јануари – февруари 2018 година, изнесува 101.0.