Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на бројот на работниците во индустријата, јануари 2019 година

петок, 08 март 2019


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, изнесува 101.2.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, бележи пораст од 1.0 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 1.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0.2 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.8 % и Капитални производи за 16.0 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 0.3 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.9 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика