Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на бројот на работниците во индустријата, март 2018 година

понеделник, 30 април 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во март
2018 година, во однос на март 2017 година, изнесува 108.0.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во март 2018 година, во однос на март 2017 година,
бележи пораст од 0.9 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 8.9 %, а во секторот Снабдување со
електрична енергија, гас, пареа и климатизација oпaѓање од 0.1 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2018 година, во однос на март
2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 16.0 %, Капитални производи за
23.9 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 1.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за
1.4 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 0.6 %.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – март 2018 година , во однос на периодот
јануари – март 2017 година, изнесува 106.7.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика