Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на бројот на работниците во индустријата, декември 2017 година

среда, 31 јануари 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во
декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, изнесува 105.2.


Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2017 година, во однос на декември
2016 година, бележи опаѓање од 1.5%, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 6.0%, а во секторот
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација oпaѓање од 0.7%.


Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2017 година, во однос
на декември 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13.1%, Капитални
производи за 18.4% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 1.2%, додека опаѓање бележи кај Енергија за
1.0% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.2%.


Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - декември 2017 година, во однос на
периодот јануари - декември 2016 година, изнесува 102.3.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика