Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во
септември 2017 година, во однос на септември 2016 година, изнесува 103.3.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2017 година, во однос на
септември 2016 година, бележи опаѓање од 0.5%, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 3.8%, а во
секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1.2%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2017 година, во
однос на септември 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9.2%,
Капитални производи за 14.9% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 1.2%, додека опаѓање бележи
кај Енергија за 0.7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.1%.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари-септември 2017 година, во однос на
периодот јануари-септември 2016 година, изнесува 101.5.