Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во
јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, изнесува 102.6.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2017 година, во однос на јули
2016 година, бележи пораст од 0.3%, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 3.0%, а во секторот
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0.3%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2017 година, во однос на
јули 2016 година, бележи пораст кај Енергија за 0.9%, Интермедијарни производи, освен енергија за 8.1%,
Капитални производи за 11.8% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2.7%, додека опаѓање бележи
кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.1%.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - јули 2017 година, во однос на
периодот јануари - јули 2016 година, изнесува 101.1.