Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во
март 2017 година, во однос на март 2016 година, изнесува 100.1.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во март 2017 година, во однос на март 2016
година, бележи пораст од 0.7%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 0.1%, а во секторот
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0.6%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2017 година, во однос на
март 2016 година, бележи пораст кај Енергија за 0.7%, Интермедијарни производи, освен енергија за 1.2%,
Капитални производи за 7.8% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 4.4%, додека опаѓање бележи
кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.6%.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - март 2017 година, во однос на
периодот јануари - март 2016 година, изнесува 100.3.