Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на бројот на работниците во индустријата, декември 2016 година

вторник, 31 јануари 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во
декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, изнесува 99.1.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2016 година, во однос на
декември 2015 година, бележи пораст од 1.8%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од
1.1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0.5 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2016 година, во
однос на декември 2015 година, бележи опаѓање кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.7%,
додека пораст бележи кај Енергија за 1.0%, Интермедијарни производи, освен енергија за 0.5%, Капитални
производи за 5.4% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 7.0%.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - декември 2016 година, во однос на
периодот јануари - декември 2015 година, изнесува 100.1.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика