Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на бројот на работниците во индустријата, мај 2016

среда, 29 јуни 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во
мај 2016 година во однос на мај 2015 година, изнесува 100.4.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2016 година, во однос на мај 2015
година, бележи пораст од 2.3%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 0.3%, а во секторот
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0.2%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2016 година, во однос на
мај 2015 година, бележи пораст кај Енергија за 1.2%, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.8%,
Капитални производи за 9.0% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 0.6%, додека опаѓање бележи
кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.6%.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - мај 2016 година, во однос на периодот
јануари - мај 2015 година, изнесува 101.4





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика