Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на бројот на работниците во индустријата, октомври 2015

понеделник, 30 ноември 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во
октомври 2015 година, во однос на октомври 2014 година, изнесува 102.0.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2015 година, во однос на
октомври 2014 година, бележи опаѓање од 2.0%, а пораст бележи во секторот Преработувачка индустрија од
2.4% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 0.8%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во октомври 2015 година, во однос
на октомври 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2.2 % и Капитални
производи за 18.4%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 1.8%, Нетрајни
производи за широка потрошувачка за 0.4% и Енергија за 1.3%.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - октомври 2015 година, во однос на
периодот јануари - октомври 2014 година, изнесува 101.8.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 651

е-пошта:  aneta.kostevska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика