Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во
февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, изнесува 95.9.
Гледано по сектори, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2025 година, во
однос на февруари 2024 година, бележи опаѓање од 2.3 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање
од 4.3 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 1.5 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2025 година, во однос на
февруари 2024 година, бележи опаѓање кај Енергија за 2.6 %, кај Капитални производи за 6.3 %, Интермедијарни
производи, освен енергија за 1.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.3 %, додека пораст бележи
кај Tрајни производи за широка потрошувачка од 18.0 %.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – февруари 2025 година, во однос на
периодот јануари – февруари 2024 година, изнесува 96.2.