Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во
септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, изнесува 97.9.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2024 година, во однос на септември
2023 година, бележи пораст од 4.6 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација
пораст од 1.0 %, додека опаѓање бележи во секторот Преработувачка индустрија за 2.7 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2024 година, во однос на
септември 2023 година, бележи пораст кај Енергија за 4.6 %, Капитални производи за 6.1 % и Tрајни производи за
широка потрошувачка за 24.2 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.9 % и
Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.6 %.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – септември 2024 година, во однос на
периодот јануари – септември 2023 година, изнесува 101.0.