Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во јуни
2024 година, во однос на јуни 2023 година, изнесува 101.2.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2024 година, во однос на јуни 2023 година,
бележи пораст од 5.1 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 0.9 %, и во секторот Снабдување со
електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1.0 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2024 година, во однос на јуни
2023 година, бележи пораст кај Енергија за 4.7 %, Капитални производи за 15.6 % и Трајни производи за широка
потрошувачка за 16.3 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7.8 % и Нетрајни
производи за широка потрошувачка за 5.4 %.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - јуни 2024 година, во однос на периодот
јануари - јуни 2023 година, изнесува 101.7.