Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во мај
2024 година, во однос на мај 2023 година, изнесува 101.5.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2024 година, во однос на мај 2023 година,
бележи пораст од 4.1%, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 1.4 % и во секторот Снабдување со
електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0.6 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2024 година, во однос на мај
2023 година, бележи пораст кај Енергија за 4.0 %, Капитални производи за 17.1 % и Tрајни производи за широка
потрошувачка за 14.6 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7.0 % и Нетрајни
производи за широка потрошувачка за 5.5 %.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – мај 2024 година, во однос на периодот
јануари – мај2023 година, изнесува 101.8.