Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на бројот на работниците во индустријата, ноември 2023 година

петок, 29 декември 2023


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во ноември
2023 година, во однос на ноември 2022 година, изнесува 103.3.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2023 година, во однос на ноември 2022
година, бележи опаѓање од 0.7 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 3.9 %, а во секторот Снабдување
со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 5.2 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во ноември 2023 година, во однос на
ноември 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 18.6 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за
4.1 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.1 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 4.6 % и
Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.2 %.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – ноември 2023 година, во однос на периодот
јануари – ноември 2022 година, изнесува 101.4.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика