Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во
индустријата во јуни 2014 година, во однос на јуни 2013 година, изнесува 107.4.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2014 година, во однос на
јуни 2013 година, бележи пораст од 0.6%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст
од 8.7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од
0.8%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2014 година, во
однос на јуни 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.1%,
Капитални производи за 99.7%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 8.5% и Нетрајни
производи за широка потрошувачка за 2.5%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 4.2%.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - јуни 2014 година, во однос
на периодот јануари - јуни 2013 година, изнесува 107.0.