Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, изнесува 100.5.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, бележи опаѓање од 2.8 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 1.0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 4.5 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 12.5 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 5.8 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.6 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.1 %.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - јуни 2023 година, во однос на периодот јануари - јуни 2022 година, изнесува 100.9.