Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, изнесува 101.2.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, бележи опаѓање од 4.1 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 1.7 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0.3 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.1 % и Капитални производи за 10.3 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 6.4 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 2.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.8 %.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – ноември 2022 година, во однос на периодот јануари – ноември 2021 година, изнесува 98.9.