Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во март
2022 година, во однос на март 2021 година, изнесува 98.5.
Бројот на работниците во март 2022 година, во однос на март 2021 година, бележи опаѓање во секторот Рударство и
вадење на камен од 3.7 %, во секторот Преработувачка индустрија од 1.4 %, а во секторот Снабдување со електрична
енергија, гас, пареа и климатизација од 1.7 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2022 година, во однос на
март 2021 година, бележи опаѓање кај Енергија за 5.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.8 %,
додека пораст има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.6 %, Капитални производи за 6.2 % и Tрајни
производи за широка потрошувачка за 5.3 %.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – март 2022 година, во однос на периодот
јануари – март 2021 година, изнесува 97.9.