Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во
февруари 2022 година, во однос на февруари 2021 година, изнесува 97.7.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2022 година, во однос на февруари
2021 година, бележи опаѓање од 3.8 %, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 2.3 %, а во секторот
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1.6 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2022 година, во однос
на февруари 2021 година, бележи опаѓање кај Енергија за 5.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка
за 7.9 %, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.6 %, Капитални производи
за 4.5 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.0 %.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – февруари 2022 година, во однос на
периодот јануари – февруари 2021 година, изнесува 97.6.