+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на бројот на работниците во индустријата, септември 2021 година

петок, 29 октомври 2021


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во септември 2021 година, во однос на септември 2020 година, изнесува 97.7.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2021 година, во однос на септември 2020 година, бележи опаѓање од 7.4 %, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 2.0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1.9 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2021 година, во однос на септември 2020 година, бележи опаѓање кај Енергија за 3.4 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 0.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.6 %, додека пораст бележи кај Капитални производи за 3.7 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 6.1 %.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – септември 2021 година, во однос на периодот јануари – септември 2020 година, изнесува 97.9.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика