Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во јануари
2021 година, во однос на јануари 2020 година, изнесува 96.3.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2021 година, во однос на јануари
2020 година, бележи опаѓање од 7.2 %, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 3.5 %, а во секторот
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2.9 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари 2021 година, во однос на
јануари 2020 година, бележи опаѓање кај Енергија за 3.7 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 4.9 %,
Капитални производи за 1.4 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.3 % и Нетрајни производи за широка
потрошувачка за 4.1 %.